Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

Менса средба 2.4.2016
Четврток, 31 Март 2016 19:17

Почитувани добростоечки членови,
ве покануваме на неформална Менса средба која ќе се одржи на 2.4.2016 (сабота) во Скопје, во кафе-книжарницата Магор со почеток во 12 часот. Средбата ќе ја искористиме да ги додeлиме новите членски картички, како и меѓусебно да се запознаеме, да се дружиме и да размениме идеи и ставови. Исто така, на средбата ќе ве информираме за тековни активности на Менса Македонија и Mensa International. Поканети се сите добростоечки членови, но и сите оние кои сакаат да ја обноват членарината за 2016 година.


Последно освежено на Четврток, 31 Март 2016 19:19
 

Тест за вежба