Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

Презакажана седница на Собранието на Менса Македонија за 17.01.2016
Вторник, 29 Декември 2015 12:17

Почитувани добростоeчки членови,


редовната седница на Собранието на Менса Македонија од 20.12.2015 година не се одржа поради немање кворум.


Согласно Статутот на Менса Македонија, член 30, седницата на Собранието се одложува во рок од 30 дена. Презакажаната седница ќе се одржи на 17 јануари 2016 година (недела) со почеток во 14:00 часот и согласно Статутот ќе работи со присутните членови. Местото на одржување на презакажаната седницата на Собранието ќе биде дополнително објавено. Дневниот ред останува ист:

1. Усвојување на Дневниот ред на седницата;

2. Информирање во врска со состојбата на сметката на Менса Македонија во периодот од мај 2014 до септември 2015;

3. Информирање во врска со тековната состојба во Менса Македонија.

 

Во прилог ви го испраќам записникот од седницата на 20.12.2015.


Воедно, ги потсетуваме членовите чија членарина истекува на 31.12.2015 да ја обноват членарината најдоцна до 17 јануари 2016, за да можат да присуствуваат и активно да се вклучат на презакажаната седница.

(Членовите чија членарина истекува веќе имаат добиено известување на нивните електронски пошти.)

 

Во меѓувреме, ви посакуваме весели и пријатни празници и успешен почеток на Новата 2016 година.

 

Привремен управен одбор на Менса Македонија

Адријан Божиновски

Ненад Мицов

Дмитриј Вангелов

Божидар Кочоски

Последно освежено на Вторник, 29 Декември 2015 12:20
 

Тест за вежба