Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

Информација за локација за Собранието на ММ на 20.12.2015
Среда, 16 Декември 2015 21:17

Почитувани добростоечки членови,

ве информираме дека седницата на Собранието на Менса Македонија закажана за 20.12.2015 ќе се одржи во Амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје со почеток во 14:00 часот.

Дневниот ред за седницата е достапен на мејлинг листата на добростоечки членови на Менса Македонија. Поканети се сите добростоечки членови да присуствуваат и активно да се вклучат во седницата.

Привремен управен одбор на Менса Македонија

Последно освежено на Среда, 16 Декември 2015 21:22
 

Тест за вежба