Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

Тестирање - Менса Македонија 19.12.2015 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Понеделник, 07 Декември 2015 20:45

Организацијата на луѓе со натпросечна интелигенција Менса Македонија, по повод својот 16 роденден организира бесплатно тестирање за интелигенција.

Тестирањето ќе се одржи на 19 декември во Амфитеатарот на Медицински факултет (кај Неврофизиологија) во Скопје со почеток во 12 часот. За тестирањето не е потребно пријавување, а единствен услов за тестирање е да имате наполнети 16 години.

Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни. Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и во Mensa International®.

Повеќе информации за Менса Македонија и Mensa International® можете да најдете на официјалните веб-страници mensa.org.mk и mensa.org, соодветно. Доколку имате останати прашања слободно обратете се на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Последно освежено на Понеделник, 07 Декември 2015 20:48
 

Две годишната Марвел-156 IQ

Тест за вежба