Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

Избори Mensa International 2015
Сабота, 11 Април 2015 12:40

Почитувани добростоечки членови,

 

ве информираме дека во Mensa International претстојат избори. Менса Македонија како Emerging National Mensa има право да учествува на изборите и да го организира гласањето на национално ниво. Оваа година се избираат три позиции: International Chairman, International Director of Development и International Treasurer. Секој од вас како добростоечки член има право да гласа за трите позици, а материјалите и инструкциите за гласањето се испратени на мејлинг листа.

Доколку некој од добростоечките членови сè уште нема ажурирана електронска пошта, пишете ни веднаш на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

 

Гласањето за изборите во MIL трае од 15 април до 15 мај.

 

Ги охрабруваме сите добростоечки членови активно да се вклучат во изборите во MIL и да го дадат својот глас за кандидатот кој најмногу им одговара. За било какви дополнителни прашања во врска со изборите и гласањето, контактирајте нè на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите со назнака МIL Elections 2015.

 

Привремен управен одбор

Адријан Божиновски

Ненад Мицов

Дмитриј Вангелов

Божидар Кочоски

Последно освежено на Сабота, 11 Април 2015 12:42
 

Тест за вежба