Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

Одржана првата Менса средба за оваа година
Недела, 01 Март 2015 16:05

Сабота 28.02.2014

Менса Македонија ја одржа својата прва средба за добростоечките членови за оваа година. Присутните членови на средбата имаа можност лично да си ги подигнат новите членски картички и меѓусебно да се запознаат. На настанот присуствуваа околу 30 членови кои лично се претставија, ги споделија своите интереси, зборуваа за своите професии или студии, а секако Менса средба не би била Менса средба доколку немаше интелигентни шеги и хумор.

Претставниците од Привремениот управен одбор ги запознаа присутните со тековната состојба во Менса Македонија, активностите кои следуваат и случувањата во Mensa International. Во моментот, Менса Македонија главно работи на новиот Статут, кој наскоро ќе биде готов и треба да биде одобрен од Mensa International, a веднаш потоа ќе следи постапка за негово усвојување на седница на Собранието на Менса Македонија. Штом ќе се усвои новиот Статут, ќе бидат распишани избори за ново раководство. Освен тоа, Mensa International во моментот спроведува избори на кои можат да гласаат сите добростоечки членови. Деталите за гласањато ќе бидат објавени во следното издание на билтенот Менсадонија.

Средбата која се одржа во кафе-книжарницата Магор во Скопје, помина во најдобар ред и радува фактот што имаше присутни од повеќе градови од Македонија. Од ентузијазмот на присутните произлегоа многу нови пријателства, како и конструктивни предлози што, всушност, се движечката сила во Менса. Се надеваме на следните средби да бидеме во уште поголем број и заеднички да ја ревитализираме Менса Македонија.

За оние членови кои не беа во можност да дојдат и да ги подигнат членските картички, нека нè контактираат на следниве адреси:

Адријан Божиновски (за регион Скопје) – Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Ненад Мицов (за регион Штип) – Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

За остантите региони ќе бидат објавени информации наскоро.


Последно освежено на Недела, 01 Март 2015 17:02
 

Тест за вежба