Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

Покана за Менса средба за добростоечки членови
Четврток, 26 Февруари 2015 10:14

Почитувани добростоечки членови,

ве покануваме на неформална Менса средба која ќе се одржи на 28.2.2015 (сабота) во Скопје, во кафе-книжарницата Магор со почеток во 12 часот. Средбата ќе ја искористиме да ги додeлиме новите членски картички, како и меѓусебно да се запознаеме, да се дружиме и да размениме идеи и ставови. Исто така, на средбата ќе ве информираме за тековни активности на Менса Македонија и Mensa International. Поканети се сите добростоечки членови, но и сите оние кои сакаат да ја обноват членарината за 2015 година.

Со почит,
Привремен управен одбор

 

Последно освежено на Четврток, 26 Февруари 2015 10:21
 

Тест за вежба