Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

Ажурирање на базата со податоци
Вторник, 27 Јануари 2015 14:24

Менса Македонија врши генерално ажурирање на податоците во нашата база со податоци. Голем дел од некогашните членови и оние кои некогаш го исполниле условот за членување во Менса Македонија имаат застарени податоци и не сме во можност да контактираме со нив. Упатуваме повик до сите нив кои подолг период не добиваат никакви известувања од Менса Македонија да нè контактираат на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и да ни достават лични контакт податоци (електронска пошта, адреса на живеење и телефонски број).

 

Наша цел е заживување на членството и реанимирање на организацијата. Изминатиов период се случија големи организациски и структурни промени, а пред нас се избори за ново раководство. Сите кои сакаат да бидат дел од промените и да придонесат за динамична, активна и силна Менса Македонија, ги повикуваме да нè контактираат. Упатството за обновување на членарината се наоѓа на веб-страницата www.mensa.org.mk, а ќе биде доставено и на ажурираните електронски пошти.

 

Исто така, ги повикуваме сите добростоечки членови кои имаат контакт со некогашни членови или познаваат лица кои го успешно го положиле Менса тестот, да се вклучат во акцијата и да го пренесат повикот до сите заинтересирани.

 

Сите заедно да изградиме подобра и посилна Менса Македонија!

 

Со почит,

Привремен управен одбор

Адријан Божиновски

Ненад Мицов

Дмитриј Вангелов

Божидар Кочоски

Последно освежено на Вторник, 27 Јануари 2015 16:00
 

Тест за вежба