Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

Среќна Нова 2015
Вторник, 23 Декември 2014 21:13

Почитувани членови,

Завршува 2014-та, година полна со промени. Дојде до промена во раководството на

Менса Македонија и беше назначен четиричлен Привремен Управен Одбор.

Се отвори адреса за електронска пошта за контакт со Менса Македонија, имено

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Продолжи да се издава Менсадонија, вклучувајќи статии

од Mensa International. Се реактивираше постоечката мејинг листата,

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , на којашто можете повторно двострано да

комуницирате. Се направија повторно тестирања и тоа во четири градови низ

Македонија, на коишто имаше добар одѕив и резултати.

 

За сето тоа време, ви благодариме што стоевте зад нас и што ни помогнавте во

остварувањето на овие цели. Радува тоа што ентузијазмот за Менса Македонија сѐ уште

постои и што таа и понатаму има потенцијал за раст и развој. Особено радува тоа што

се зголеми бројот на добростоечки членови за 20%, коишто сакаат да ја продлабочат

комуникацијата со и низ Менса Македонија. На нив останува иднината на организацијата.

 

Во 2015, остануваат целите што беа зацртани во координација со Mensa International:

да се ажурира Статутот на Менса Македонија, во согласност со Законот за здруженија и

фондации на Република Македонија, како и барањата од Mensa International. Тој Статут

ќе биде пратен на гласање до сите вас, при што неговото усвојување ќе овозможи да се

одржат избори, под покровителство на Mensa International, за нов Управен Одбор, којшто

ќе ја преземе надлежноста врз организацијата. За таа цел, повторно ќе ве замолиме за

поддршка и помош, за да продолжиме во оваа насока и целосно да ја ревитализираме

Менса Македонија.

 

Исто така на следниот линк се наоѓа упатство за продолжување на членарината за една

или за три години.

УПАТСТВО за продолжување на членарина во Менса Македонија за 2015 година

 

Ви посакуваме Среќна Нова 2015, среќни празници, многу здравје, среќа, успеси и

интелигентно поминато време.

 

Привремен управен одбор на Менса Македонија
Адријан Божиновски
Ненад Мицов
Дмитриј Вангелов
Божидар Кочоски

 

 

Последно освежено на Среда, 24 Декември 2014 11:17
 

Тест за вежба