Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

Членарина за 2014
Четврток, 08 Мај 2014 18:39

Почитувани членови на Менса Македонија,

Привремениот Управен одбор на Менса Македонија назначен од Mensa International, ја донесе следнава одлука за плаќање членарина која ќе важи до 31 декември 2014 година:

Членовите ќе имаат можност да платат членарина за една година (тековната 2014) во износ од 200 денари и ќе важи до 31 декември 2014 и членарина за три години во износ од 400 денари и ќе важи до 31 декември 2016.

Членовите го губат статусот на добростоечки членови до денот на уплата во тековната година, затоа во ваш интерес е да ја регулирате членарината што поскоро. Членовите со уплатена/регулирана членарина ги имаат сите права и обврски кои ги следуваат добростоечките членови.

За да ја продолжите членарината потребно е:
На образец ПП10 да го уплатите износот за една година, или за три
години, на име:
- членарина за една година (три години)
- Назив на примачот: Менса Македонија
- Сметка: 300-0000002113-02
- Банка на примачот: Комерцијална банка А.Д. Скопје
- единствен даночен број: 4030000383962
- шифра 280
- начин 02

Уплатница скенирајте ја или фотографирајте ја и испратете ја на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , а оригиналната уплатница чувајте ја и понесете ја со вас на следната Менса средба.

За сите прашања, забелешки и коментари слободно контактирајте нè на електронската пошта  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Со почит,

членовите на привремениот Управен одбор:
Адријан Божиновски
Ненад Мицов
Дмитриј Вангелов
Божидар Кочоски

 

 

 

 

Последно освежено на Понеделник, 12 Мај 2014 09:11
 

Тест за вежба