Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

 

СИГ - зачленување, отварање, соодветни процедури

 

Како се одвиваат активностите во Менса Македонија?

 

Работата на членовите на Менса Македонија се одвива преку групи со посебни интереси, или како ние ги нарекуваме СИГ-ови (кратенка од Special Interest Group). Интересите на нашите ченови се најразлични , за што зборува и разновидноста на СИГ-овите, од оние кои се посериозни, како СИГ Математика и Логика, Физика, Психологија, Астрономија; па до оние помалку сериозни и забавни како СИГ Музика, Хумор и Релаксација, Спорт.

 

Кои СИГ-ови ги има Менса Македонија?

 

Листата на СИГ-ови на Менса Македонија можете во секое време да ја погледнете.

 

Пронајдов СИГ што ме интересира, што треба да направам за да се приклучам?

 

Во листата на Сиг-овите, за секој Сиг има наведено контакт лице кое е координатор на СИГ-от, одговорен за групата, и кој се грижи за многу работи, мегу кои е и приемот на нови членови. Контактирајте го!

 

Не можам да го контактирам координаторот на групата на која сакам да и се приклучам?

 

Напишете порака на официјалната листа на Менса Македонија и побарајте го членот кој го води СИГот да ве информира како да го контактирате.

 

Сакам да формирам свој СИГ, што треба да направам?

 

Според статутот на Менса-Македонија, мора да има најмалку тројца заинтересирани за да создадете СИГ.

 

Покренувачот на групата воедно е и личноста која е одговорна за тој СИГ доколку на некој од собирите на членовите на СИГ-от членството не одлучи поинаку. СИГ-от кој сакате да го формирате не мора да има 100 членови и да изведува професионални проекти, доволно е да има 3 члена и можете да си поминете прекрасно.

 

Значи, три или повеќе членови на Менса Македонија коишто имаат заеднички интерес, може да формираат СИГ, заради заеднички ангажмани поврзани со тој интерес.

 

За да оформите СИГ, треба е да се проследи следнава процедура:

 

• Најдете уште двајца заинтересирани

• Испратете порака на официјалната листа на Менса Македонија, во која ќе ги наведете следните информации:

 

- Име на СИГ-от кој сакате да ја креирате:

- Ваш e-mail:

- Имиња и e-mail адреси на 2 додатни членови на Менса Македонија кои ве поддржуваат:

 

Веднаш штом СИГ координаторот ќе ја добие вашата e-mail порака вие сте регистрирани, за што ќе Ви потврди во наредниот е-маил до Вас!

 

По регистрацијата, пожелно е на СИГ координаторот да му ги испратите следните информации:

 

- Име на СИГ-от:

- Име на одговорниот член за таа група и e-mail:

- Поле на интересир на СИГ-от, како и листа на активности:

- Број на членови:

- Публикација (доколку се издава - Име):

- Интернационални контакти (со слични СИГ-ови, ако ги има):

- Колку интернационални членови членуваат во вашиот СИГ и од која земја се:

 

Бидејќи Вашиот СИГ ќ е биде излистан интернационално, треба истите горни податоци да ги испратите уште еднаш и тоа преведени на англиски јазик, пожелно е тоа да го сторите во иста e-mail порака!

 

Значи, горните информации плус следниве:

 

- SIG Name:

- Coordinator (name / e-mail):

- Matter of interest/ Activity:

- Number of members:

- Journal/Bulletin (name):

- Intl. Contacts (with similar SIGs, if any):

- Intl. Fellow (number / country):

 

Како да организирам СИГ за кој сум одговорен?

 

Тоа Ви е препуштено Вам, мозете во секое време да отворите маилинг листа на http://www.yahoo.com/ или да одберете кој и да било начин на комуникација кој сметате дека е соодветен.

 

Како да донесуваме одлуки од интерес за нашиот СИГ?

 

Бидејќи Менса функционира по принципот на тркалезна маса, за секое одлучување внатре во СИГ-от потребно ви е 50% + 1 глас.

 

Како да го откажам нашиот СИГ?

 

Доколку мнозинството од Вашите членови се согласи за тоа, испратете порака на официјалната листа на Менса-Македонија во која ќе ги наведете имињата на сите членови кои членуваат во Вашиот СИГ, како и имињата на оние кои се за престанок на работата на СИГ-от.

 

Има нешто што ме интересира а не е наведено овде?

 

Испратете порака на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

 

Тест за вежба