Добродојдовте

Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.

Бенефиции на членовите на Менса

Зошто да се зачленам во Менса?

Има многу интелигентни причини зошто да се зачлените во Менса. Без разлика дали сакате да се дружите со други Менсијанци, или сакате да ја искусите интелектуална стимулација која членувањето ја нуди, ќе увидите дека бенефициите од членувањето се навистина многубројни. Менса обезбедува стимулативни интелектуални и социјални услови за своите членови. Ако уживате во менталните вежби, менталните предизвици и размената на идеи, Менса е за вас! Таа ќе Ви овозможи интригирачки начини да ги растегнете Вашите ментални мускули и ќе ги прошири Вашите хоризонти.

Дали Менса обезбедува интелектуална стимулација?

Да, Менса обезбедува интелектуална стимулација. Таа овозможува форум за интелектуална размена меѓу членовите.

Какви активности овозможува Менса?

Активностите во Менса вклучуваат размена на мислења и идеи преку: дискусии, предавања, часописи, СИГ-ови. Јадрото на работата во Менса се всушност СИГ-овите.

Што е СИГ?

СИГ (Special Interest Group) или “група со специјален интерес” е место каде Менса членовите кои имаат слични интереси за некоја област разменуваат мислења, идеи и ги остваруваат целите кои си ги поставиле. СИГ-овите можат да бидат најразлични: од забава до наука. Во СИГ-овите членовите се поделени според сопствените афинитети. За било кој од Вашите интереси, скоро е сигурно дека постои СИГ во кој членуваат други Менсијанци со слични интереси. Менса членовите имаат мошне разновидни интереси, што може да се види преку огромниот број СИГ-ови кои постојат во Менса и нивната шареноликост. Тука можете да најдете богатство кое го преплавува умот: од физика и астрономија, математика и генетика, преку логика и психологија, антропологија и зоологија, па се до спорт, драма, музика, астрологија, танцување, глума, филателија, па се до она што не очекувате да го најдете: СИГ за љубители на чоколади, СИГ за љубители на цртани филмови, СИГ за љубители на научната фантастика и многу други.Ако не можете да најдете соодветен СИГ, тогаш лесно можете да основате нов.

Дали Менса обезбедува дружење на своите членови?

Основната придобивка на секој член на Менса е можноста да се дружи со други натпросечно интелигентни луѓе. Менса состаноците воопшто не се досадни! Локалните групи се состануваат најмалку еднаш месечно, а на пијалок или вечера одат почесто. Се дружат одредувајќи говорници, предавачи или едноставно во жива, слободна дискусија. Сите се дружат со луѓе со кои делат слични интелектуални интереси. Понекогаш се организираат специјални собирни активности, како што се: годишни собранија, семинари, работилници, а другпат се организираат забавни активности. Учеството во активностите на локалната Менса група е секогаш по Ваш избор.

Кои публикации ги нуди Менса?

Секоја национална Менса организација издава национален весник со интересни и мисловно провокативни секции, кои содржат различни информации за Менса, а исто така и прилози од Менсијанците на широк спектар теми.

 

Членовите кои навреме ќе ја регулираат членарината ќе бидат во можност континуирано да ги користат бенефициите што Менса Македонија ги нуди на своите добростоечки членови:

* Можност за запознавање, дружење и размена на идеи и искуства со другите членови во Р. Македонија, но и интернационално;

* Можност за пристап до новата web-страница на Mensa International;

* Присуство на маилинг-листите на Менса Македонија;

* Можност за придружување на групата Менса Македонија и на други Mensa групи на Facebook;

* Добивање редовни информации за активностите во Менса Македонија и во другите Менса организации;

* Добивање на интерниот билтен - Менсадонија;

* Учество во национални и интернационални СИГ-ови (Групи со Специјален Интерес);

* Право да избирате и да бидете избрани во органите и телата на Менса Македонија;

* Добивање информации за вработувања, различни манифестации, обуки, семинари, стипендии и можност за бесплатно учество на обуки, семинари, летни школи, итн.

* Можност да добиете потврди за членство односно препораки за вработувања, стипендии, семинари и обуки (се покажа дека овие потврди/препораки имаат добар ефект и досега на повеќе членови им помогнале во исполнувањето на нивните амбиции);

* Можност некоја ваша идеја да ја претворите во проект поддржан од Менса Македонија и можност за учество во различни проекти, програми, иницијативи;

* Можност за финансиска поддршка при официјални Менса средби на национално или интернационално ниво;

* SIGHT - меѓусебни посети при различни официјални настани и логистичка помош при патување во странство од членовите на другите национални Менса организации;

* Можност за учество во Mensa Process, Idea Aid и други меѓународни иницијативи/проекти;

* Можност да се користат попустите што за членовите на Менса Македонија ги нудат различни фирми;

* Можност за користење на библиотеката на Менса Македонија, итн, итн. итн.

 

 

Тест за вежба